Локации во Косово и Србија ќе се испитуваат поради сомнеж за масовни гробници

Две локации во Србија, на кои постојат индиции дека може да има гробници со тела на убиени Албанци од војната во Косово во 1998-1999 година, како и две локации во Косово, ќе се испитуваат со современа истражувачка апаратура за таа намена, донирана од НАТО.

 

Истражувањето ќе се изврши откако косовската владина Комисија за исчезнати лица ги добила од Алијансата специјалните детектори, кои откриваат дали во почвата има човечки останки, односно коски, пишува денеска „Коха Диторе“.

 

Претседателот на косовската Комисија, Пренк Ѓетај изјави за весникот дека во Србија ќе се истражуваат сомнителни локации во Јаловиште и Кижевак, додека во Косово се уште не е одлучено кои ќе бидат двете локации.

 

Според Ѓетај, за истрага на територијата на Србија веќе е добиена согласност од српската страна.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.