Во рамките на новиот градски проект Јавен Простор Прилеп, поддржан од локалната самоуправа, а во организација на организацијата ИнфоФронт, Звонко Димоски, Игор Трпчески и Сашко Чупетрески, вчера кај Саат–кулата се одржа првиот Креативен Прилепски Пазар, како најава за целиот проект.
Организаторите велат дека Јавен простор Прилеп претставува проба да се оживее централното градско јадро преку претставување и креирање на идејата дека јавниот простор треба да биде заедничко културно, рекреативно и социјално добро на сите граѓани; платформа за размена на идеи, мисли, искуства, предизвици, производи итн.; јавна агора која инспирира и иницира креативност, иницијативност, одговорност, филатропија, волонтерство, инклузивност и сл.
„Целта на пазарот, како културолошки феномен на градското живеење, е взаемнотото запознавање на луѓето што творат/произведуваат и нивно претставување на локалната јавност, поддршка на локалната економија, создавање на алтернативно катче за размена на идеи, искуства и производи, презентирање на креативноста надвор од малите работилници или домашни катчиња. Пазарот треба да се претвори во место отворено за сите занаетчиски здруженија, самостојни занаетчии, уметници, ракотворци и лица кои како резултат на своето хоби се креативно активни. Планирано е истиот, во текот на летото, да се одржува секоја втора среда. На пазарите граѓаните ќе можат да се запознаат авторите, да поразговаарат за креативниот процес на изработка/создавање на нивното дело/производ, и секако, истите да ги купат. Другата цел на пазарот е изработката и презентацијата на идејни решенија за разгледници и другри рекламни материјали, инспирирани од градот Прилеп. На првиот пазар, Дарко Талески и Ферди Булут, веќе ги преставија своите неколку предлози на градски разгледници“, велат од организаторите на проект Јавен Простор Прилеп.
Другите учесници на првиот пазар беа: УрбанЕра (рачна изработка на накит од епоксидна смола и полимерна глина), Ивана Секулоска (рачни печатени торби и графики), Марина Конеска (сликар), Даци Велкоска (Art Store работилница за рачна изработка на сувенири и други декоративни елементи), KILLA (бренд за улична и урбана мода), Стевија–природни сапуни и Моника Ѓорѓиоска (приридна козметика), Рада Тодорова (сликар), Quiet Quick (рачно изработени саксии и декоративни елементи од цемент), Емил Димоски (минијатури на селски куќи од природни материјали) и Костадинка Нешова–Солеска (рачна изработка на ловци на соништа и елементи испирарирани од истите).
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Следни планирани настани за јуни, во рамките на проект Јавен Простор Прилеп се :
-
Промоција на поетската книга „Емоции“ … македонска средба” во која се претставени неколку поети од градот Прилеп (25 јуни, во кафе Чоше, 21 часот)
-
Oрганизирање на прв прилепски мини книжевен саем на кој ќе се претстави книгоиздателството ВОСТОК од Битола. На истиот посетителите ќе може да разговараат со издавачите, преведувачите и да остварат непосреден контакт со двајца презентирани поети, односно Михајло Свидерски и Славица Гаџова Свидерска. Книгите ќе може да се купат по промотивна цена од 200 ден (27 јуни, Саат–кула)
-
Kреативна велосипедска работилница за деца во соработка со ПрилепнаТочак (30 јуни, Саат–кула)