Кеирош: Правилата не важат за „малите“

Селекторот на Иран, Карлос Кеирош јавно и со многу горчина се пожали на селективна правда на мечот со Португалија, кој заврши со резултат 1:1, со што Иран го заврши својот настап на Светското првенство во Русија.

 

Кеирош се осврна на ВАР технологијата кога на десет минути пред крајот не беше исклучен Кристиано Роналдо при спорниот момент.

 

„Реално е да ја застанеш играта, да ја погледнеш снимката и да го видиш удирањето. Според правилата, удирање со лакт е црвен картон. Сепак, тоа не е така кога од другата страна се Роналдо или Меси. Овде не се работи за судиите, туку за ставот, храброста и карактерот. Одлуките можат да бидат јасни за сите, на овој начин Инфантино и ВАР не се движат во вистинската насока. Бевме конкурентни играјќи против најдобрите светски екипи. Иран со дисциплината, контролата, заслужи да ја победи Португалија. Сепак, во фудбалот нема правда“, изјави Кеирош.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien