Месарниците во Франција побараа полициска заштита од „насилните вегани“

Француското национално здружение на месарниците побара полициска заштита од министерот за внатрешни работи, Жерар Коломб, поради напади од група вегани кои се против јадењето месо и одгледување добиток заради исхрана.

 

„Сметаме на вашите услуги и на поддршката од Владата во тоа што побрзо да престане физичкото, вербално и морално насилство кое го трпат месарите“, се вели во писмото од 22 јуни, потпишано од претседателот на Француската конфедерација на месари, Жан-Франсоа Гијар.

 

Гијар додаде дека речиси 18.000 касапи во Франција се загрижени поради последиците од претераното медиумско промовирање на веганскиот начин на живот, изразувајќи „шокираност” од тоа што дел од населението сака да го наметне својот начин на живот врз мнозинството.

 

Веганите се спротивставуваат на потрошувачката на месо и одгледувањето добиток за храна. Нивниот начин на исхрана покрај месо, не вклучува и храна која има животинско потекло, како на пример јајца или млечни производи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien