Харден ги победи Џејмс и Ентони во трката за МВП

НБА лигата на свеченост ги додели поединечните признанијата за најдобрите кои ја одбележаа изминатата сезона во најсилната светска кошаркарска лига.
Најпрестижното признание за најкорисен играч односно „МВП“ го доби лидерот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден.
Бекот на Хјустон Рокетс за прв пат во својата кариера е прогласен за МВП на регуларниот дел од НБА лигата.
Харден кој сезоната ја заврши со просечен учинок од 29.5 поени, 7.7 асистенции и 5.3 скока. Популарниот „Брада” во трката за МВП признанието ги победи Леброн Џејмс од Кливленд, односно Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.
Очекувано за најдобар дебитант односно „руки“ на годината е прогласен Бен Симонс од Филаделфија.
Останатите признанија заминаа во рацете на Французинот Руди Гоберт од Јута кој беше прогласен за најдобар одбранбен играч, Виктор Оладипо од Индијана кој имаше најголем напредок во својата игра годинава, Лоу Вилијамс од ЛА Клиперси кој е прогласен за најдобар шести играч, и Двејн Кејси предводникот на Торонто кој го доби признанието за најдобар тренер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien