Аргентинците се луди по фудбалот, победата се славеше и на Антартикот на -20 степени

Аргентина е нација за која фудбалот е навистина нешто свето, па ако Маркос Рохо не погодеше во самиот финиш од натпреварот против Нигерија, денеска веројатно ќе читавме извештаи од Аргентина за национална трагедија.

 

Сепак „Гаучосите“ вчера ја забележаа првата победа на мундијалот која значеше и пласман во осминафинале, па цела Аргентина го славеше успехот.

 

 

Исклучок не беа ниту научниците од базата Марамбио на Антартикот, кои излегоа надвор на снегот и на -20 степени да се израдуваат на успехот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien