Германија бара 440.000 работници

На Германија ѝ требаат високо квалификувани работници и стручњаци повеќе од кога било досега. Поради недостигот на квалификувана работна сила, германското стопанство годишно губи околу 30 милијарди евра.

 

Работа има, но недостигаат работници, а тоа е голем проблем на кој укажуваат сѐ повеќе германски компании, објави „Дојче веле“.

 

Во Германија моментално недостигаат 440.000 високо квалификувани работници. Само во електроиндустријата се потребни 50.000 инженери, во IT секторот околу 55.000 стручњаци, а во секторот за машинско производство се распишани 11.000 конкурси за вработување, што е за 50% повеќе отколку лани.

 

Во меѓувреме, околу 60% од германските компании истакнуваат дека им недостига квалификувана работна сила и тоа им е најголем проблем со кој се соочуваат.

 

Секоја петта фирма бара млади таленти во други области, интензивно соработува со образовните институции и работи на преквалификација на работниците што веќе ги има.

 

16% од компаниите воведоа флексоибилни работни модели како job sharing, а 13% од фирмите се подготвени да вработат кандидати без соодветна квалификација, со потенцијал за понатамошен развој.

 

Целта на германската влада е целосна вработеност во земјата до 2025 година.

 

Според некои прогнози, можно е во Германија до 2030 година да недостигаат над 3 милиони високо квалификувани работници. Моментално има над 1 милион работни места, но исто толкава е и бројката на долгорочно невработени.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien