Вардар ги доби противниците за новата сезона во ЛШ

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонскиот шампион Вардар ги доби противниците во новата сезона на Лигата на шампиони во ракомет. Она што е доста интересно што „црвено-црните“ ќе војуваат против тимовите каде поголем дел од момците од златната генерација заминаа.

Македонскиот првак и во новата сезона во Лигата на шампионите ондово ќе игра во групата А, а за противници ги доби Киелце за кого настапува Лука Циндриќ, Барселона, Мешков Брест, Веспрем каде е Арпад Штербик и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, Кристијанштад, Рај Некар кој го грабна најдобриот дефанзивец на „црвено-црните“ Илија Абутовиќ, но го има и Филип Талески, како и бранителот на титулата, Монпелје.

 

Што се однесува до групата Б, каде носител е ПСЖ предводен од Раул Гонзалез, Пик Сегед, Фленсбург, Скјерн, ППД Загреб, Мотор Запорожје, Нант и Целје.

 

Шестата сезона во елитното натпреварување за Вардар ќе биде поинаква. „Црвено-црните“ по две одлични години на европска сцена, во кои ја освоија титулата во ЛШ, а потоа следната сезона се пласираа на Ф4 завршницата, продолжуваат со нов состав и нов тренер.

 

Според последните најави од таборот, Вардар и натаму ќе има силен и конкурентен тим.

 

Новата сезона во ЛШ ќе стартува во периодот од 12-16 септември.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи