Северна Кореја: Погубен генерал бидејќи им поделил повеќе храна на војниците!

Facebook
Twitter
Email
Print

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун јавно погуби висок армиски офицер, бидејќи им дал дополнителни залихи храна и гориво на војниците, пренесува британски „Daily Mail“.

Генерал-полковникот Хјон Џу-Сонг беше егзекутиран од стрелачки вод составен од девет воени лица осудени на смрт кои испукаа 90 куршуми кон него.

 

Хјон беше прогласен за виновен за злоупотреба на службената должност, заговарање со непријателот и антипартиско делување.

 

Тој бил стрелан во близина на воената академија Конг Кон во областа Сунан на главниот град Пјонгјанг.

 

Онлајн весникот „NK Daily“ објави дека неговото „злодело“ се состоело во дистибуирање дополнителни залихи на неговите војници на настан за лансирање сателит во април.

 

Генерал-полковникот им рекол на војниците да ги раздаваат храната и горивото бидејќи не мора веќе да штедат за програмата за наоружување на Ким.

 

„Веќе не мора да се стегаме и да страдаме за да може да се прават ракети или нуклеарно оружје“, рекол тој наводно додека вршел инспекција на залихите пред лансирањето.

 

Ова се смета за злоупотреба на службената должност и за предавничка изјава што се противи на политиката на владејачката партија дека војската е на прво место.

 

Тој дал наредба да се подели 1 тон гориво, 580 килограми ориз и 750 килограми пченка на војниците во Станицата за лансирање и нивните семејства.

 

„Ова се смета за антипартиско кршење на Десетте принципи на идеолошкиот систем на Партијата“, објави весникот.

 

Хјон исто така е прогласен за виновен бидејќи не чувал воена тајна поврзана со работењето на Партијата, Армијата и Владата и покажување великодушност со неовластено дистрибуирање стоки, што се коси со идеологијата на Партијата.

 

Според извор близок до Пјонгјанг кој го потврди погубувањето, Ким бил многу изнервиран кога дознал и веднаш наредил егзекуција со стрелање, велејќи: „Идеолошкото труење на личното величање го корумпира високото раководство на Народната Армија. Мора во корен да го пресечеме идеолошкото труење.“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи