Питер Шмајхел: Горд сум на мојот син, на мојата татковина…

Каспер Шмајхел за момент можеше да стане херој на својата нација, но, едноставно не можеше се’ да им одбрани на Хрватите, особено не на ладнокрвниот Ракитиќ на крајот.

 

Шмајхел беше херој за Данска откако му одбрани пенал на Лука Модриќ во 117 минута и го спаси тимот од пораз во породолженијата. Сепак, „коцкестите“ беа поуспешни во пенал серијата и се пласираа во четвртфинале.

 

Легендарниот поранешен голман на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Данска, Питер Шмајхел од трибинскиот простор навиваше за Данска и неговиот син, а неговите зборови по мечот сведочат за тоа колку е тој горд на неговиот син.

 

„Останав без зборови. Не би можел да бидам повеќе горд од ова, на мојата земја, мојот син, неговите соиграчи, стручниот штаб и нашиот фантастичен селектор Аге Хареиде. Кога солзите ќе се исушат, ќе сфатиме колку бевме добри“, беа зборовите на легендарниот Шмајхел напишани на социјалните мрежи.

 

 

Данскиот голман беше прогласен за играч на натпреварот и покрај тоа што загубија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien