Роналдо пред потпис со Јувентус!

Facebook
Twitter
Email
Print

Кристијано Роналдо ја прифати понудата од Јувентус, откако италијанскиот шампион одлучи да издвои 116 милион за откупната клаузула на Реал Мадрид.

 

Јувентус ги анализира финансиските аспекти за потпишувањето на португалската суперѕвезда и покрај надоместокот, се подготвени да му понудат  на Роналдо четиригодишен договор во вредност од 120 милиони евра, односно 30 милиони евра по сезона.

 

Роналдо неодамна ја расипа својата врска со претседателот на Мадридскиот клуб Флорентино Перез, откако не доби нов договор и покачување на платата. Португалскиот интернационалец на “Сантијаго Бернабеу” моментално има годишна плата од 21 милиони евра.

 

Според шпанска Марка, покрај добивањето на повисока плата, Роналдо го одбрал Јувантус и поради одличната публика. Впрочем, Португалецот бил одушевен од фановите на „старата дама“, особено кога  по епските „ножички“ во четвртфиналето на Лигата на шампионите, цел стадион стана на нозе и со громогласен аплауз го поздрави.

 

Засега единствен проблем е платата од 30 милиони годишно која ја бара Роналдо. Сепак “Газета дело Спорт” откри дека главните спонзори на Јувентус, Адидас и Јееп се подготвени да покријат една третина од платата на Роналдо.

 

Германскиот гигант за спортска опрема е сериозно заинтересиран за ваквата операција, затоа што Роналдо веќе 15 години е заштитно лице на Најк. Раководните лица на Адидас се убедени дека инвестицијата во Роналдо ќе биде вратена за една година. За соработката со американската компанија Најк, Португалецот добива финансиска инјекција од 24 милиони евра.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи