ВИДЕО – Димe Чучуро – човекот кој му ја врати душата на Градскиот саат во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Градскиот саат во Прилеп веќе 160 години е центар на животот во овој град. Претходно на истото место имало дрвена Саат кула која изгорела во 1854 година во големиот пожар кој ја зафатил старата чаршија. Денешната Саат кула е подигната во 1858 година од страна на познатиот прилепски мајстор Петре Лауцо со неговата тајфа. Градскиот саат во Прилеп е 1 година постар од познатиот часовник во Англија, Биг Бен во Лондон.

 

Изграден е на шестоаголна основа, висок околу 40 метри и поделен е на 3 нивоа. Интeресен е фактот што Саатот има накривување или инклинација од 114 см.  и уште на шега го викаат „кривата кула од Прилеп“. Тој е најпрепознатливот белег на градот кој ги чува спомените на чаршијата век и половина.

 

„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува сатот жали и вика: АХ ! “. Ова е натпис кој стои денес на Саат кулата.

 

 

 

 

Во 2013 година, по пауза од 15-тина години Градскиот саат повторно почнува да работи. Механизмот стар 180, донесен од Австрија, единствено успеал да го поправи само Димитар Чучуроски. Часовникот пробувале претходно да го поправат 6 машински инжинери, но не успале.  Целата фамилија на Диме Чучуро, татко, дедо и прадедо биле саатчии.

 

Внатрешноста на Саатот е поделена на два дела, во едниот дел има празен простор за клатното.  А во другиот дел се тесните и стрмни камени скали кои ги има 63 на број, а потоа до врвот на Саатот, каде се наоѓа механизмот продолжуваат уште 32 дрвени скали. Уникатна градба која опстоила до денес и покрај сите премрежија.

 

Во 2013 година Саатот е саниран за да не се накривува повеќе. Чучуроски вели дека ќе го навива Саатот се додека физички може. Звукот на Градскиот саат и работата на Чучуроски ја вратија душата и животот на старата чаршија во Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи