Почина Британката изложена на новичок

Британската полиција соопшти дека починала жената која беше изложена на нервниот гас новичок, кој беше користен и во труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

 

Доун Старџес (44), мајка на три деца, вчера починала во болница. Таа и нејзиниот пријател, 45 годишниот Чарли Роули биле најдени во бесознание во една куќа во Емсбери минатиот месец. Ова место е одалечено на помалку од 20 километри од Салсбери каде што биле затруени Скрипал и ќерка му кои по долг болнички третман беа излечени. За овој инцидент Британија ја обвини Русија која пак демантираше секаква вмешаност.

 

Како што соопштила полицијата, ќе биде спроведена обдукција за што било информирано и семејството на Старџес. Во истрагата се вклучени детективи од мрежата за борба против тероризам и 100-ина детективи работат на случајот заедно со полицијата на Вилтшир, пренесува Би-би-си.

 

Полицијата се обидува да дозне како Старџес и Роули биле изложени на нервниот агенс, а тестовите покажале дека двајцата допреле со рацете контаминиран предмет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien