Хрватска го избрка Вукојевиќ поради спорното видео со Вида

Членот на стручниот штаб на Хрватска, Огнен Вукојевиќ, е пратен дома поради контроверзното видео по натпреварот против Русија, каде со Домагој Вида извикуваат пораки за поддршка на Украина. Вида пак, избегна суспензија од ФИФА.

 

Вукојевиќ и Вида заедно ја посветија победата во четвртфиналето на украинскиот народ, што од страна на Русите беше оценето како политичка провокација. Хрватската Фудбалска Федерација денеска објави дека Вукојевиќ го напушта стручниот штаб на два дена пред полуфиналниот дуел со Англија, воедно упатувајќи јавно изјавување кон руската јавност за однесувањето.

 

„Ја разбирам и почитувам одлуката на федерацијата. Јас не би сакал да бидам товар на репрезентацијата пред еден толку важен натпревар, кога е најпотребен мир. Во моите изјави немаше политичка конотација, само сакав да се заблагодарам за поддршката на пријателите од Украина, како и на мојот клуб Динамо Киев, кој ми дозволи да бидам дел од овој мундијал. Сепак, разбирам дека моите изјави можат да бидат и поинаку разбрани, затоа се извинувам ако некој ги доживеа на таков начин“, изјави Вукојевиќ.

 

Ова е второ протерување од селекцијата на Хрватска на ова СП, откако по воведниот дуел со Нигерија и победата со 2-0, селекторот Далиќ го протера репрезентативецот Никола Калиниќ, поради лош однос и недисциплина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien