Доналд Туск до Трамп: Почитувај си ги сојузниците, ги немаш многу

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред самитот на НАТО му порача на Доналд Трамп дека Америка нема подобар сојузник од ЕУ и дека треба да ги почитува нејзините сојузници, бидејќи и нема толку многу.

 

Туск во пораката до Трамп вели дека секогаш е убаво да се знае кој ти е стратешки партнер, а кој стратешки проблем. Со оглед дека Трамп постојано ги критикува НАТО-сојузниците дека не издвојуваат доволно за буџетите за одбрана, Туск го потсети дека Европејците на одбрана издвојуваат повеќе од Русија, односно толку колку што издвојува Кина.

 

„Господине претседателе, ве молам запамтете го ова кога утре ќе се сретнеме на Самитот на НАТО. Запамтете го ова кога ќе се сретнете со Путин во Хелсинки“, му порача Туск на Трамп.

 

Трамп е гласен критичар на НАТО, кое го нарече средство што европските сојузници го користат за да ја злоупотребуваат великодушноста на Америка и да добијат воена заштита не придонесувајќи финансиски за неа. Таа реторика предизвика страв во Европа дека неделава САД може да соопштат дека го намалуваат своето воено присуство на континентов.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien