Над 150 загинати во катастрофалните поплави во Јапонија

Бројот на загинати во катастрофалните поплави од поројните дождови што деновиве погодија делови на Јапонија надмина 150 луѓе, повредени се стотици, а евакуирани се над два милиона.

 

Портпаролот на јапонската влада, Јошида Суга изјави дека спасувачката екипа е во потрага на 67 лица кои се водат како исчезнати.

 

“Повеќе од 75.000 војници, полицајци, пожарникари и припадниците на крајбрежната стража прават сè што можат за да им помогнат на загрозените”, додаде Суга.

 

Владата ги пренамени училиштата и спортските сали за сместување на населението чии домови се уништени, како и за евакуираните пред надојдените реки.

 

Поради тешката ситуација во тој дел на Јапонија, премиерот Шинзо Абе ја откажа светската турнеја на која требаше да ги посети Белгија, Франција, Саудиска Арабија и Египет.

 

Според последните извештаи, овие поплави се најсмртоносните во Јапонија во последните 3 децении.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien