Официјално: Леброн Џејмс го потпиша договорот со Лејкерс

Еден од најдобрите кошаркари во светот Леброн Џејмс и официјално потпиша договор со Лос Анџелес Лејкерс за четири години, соработка што ќе му обезбеди  153 милиони долари.

 

Лос Анџелес Лејкерс го потврди ангажманот на Леброн Џејмс.

 

„Леброн е посебен. Тој е најдобриот играч во светот. Сака да се натпреварува и е неверојатен лидер кој сака само да победува и сака неговите соиграчи да бидат успешни. Играчите на Лејкерс се возбудени што за соиграч ќе имаат кошаркар кој девет пати бил дел од НБА финалињата. Ова е голем чекор напред кој враќање на Лејкерс во плејофот и финалињата на НБА“, изјави претседателот на Лејкерси, Меџик Џонсон.

 

Џејмс има освоено три шампионски прстени и четири пати бил избран за МВП на сезоната, а има одиграно 1.143 натпревари (1.142 како стартер). „Кралот“ минатата сезона имаше просек од 28 поени во регуларниот дел и 35 поени во плеј-офот по натпревар. За време на неговата кариера има облечено дрес само на два тима, односно Мајами и Кливленд, додека со американската репрезентација има освоено два олимписки златни медали.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien