Се подготвува претставата „Казимир и Каролина“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

„Казимир и Каролина“ од Еден фон Хорват, во режија на Нела Витошевиќ, е претставата што се подготвува во театарот „Војдан Чернодрински“. Во наредните недели најпрво процесот е на маса, односно се реализираат читачките проби, за да се  продолжи поинтензивно на почетокот на септември. Премиерата ќе биде на почетокот на октомври.

 

„Ова е моја трета соработка со прилепскиот театар. Кога имате претходно сработено одлични претстави со задоволство продолжуваш да работиш со ансамблот. Автор на текстот е Германец, еден од основоположниците  на модерната драма Еден Вон Хорфат. Напишан е 1932 година и првпат се поставува во Македонија. Проектот ќе се занимава со  скршените соништа кои некако до некоја возраст  сме ги гаеле. Подоцна  кога ќе се сршат соништата животот продолува по инерција. Претставата  ќе прозбори колку љубовта во денешно време, љубовта меѓу двајца  млади е условена од економскиот аспект и дали сме во трка со  време за позиција за пари,  или кога ги нема парите дали љубовта може да опстои“, вели режисерката Витошевиќ.

 

Ќе играат Катерина Ч.Клинческа, Никола Настоски, Наташа Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски,  Јасмина М. Станкоска, Игор Трпчески, Александар Тодески. Сценограф ќе биде Константин Трпеноски, автор на  музиката Огнен Анастасоски и костимограф Розе Трајческа.

 

Нела Витошевиќ во театарот „Војдан Чернодрински“ ги режираше „Сон на летната ноќ“ и „Змејовата невеста“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи