Фудбалерите на Хрватска тотално полудеа по голот на Марио Манџукиќ за водство против Англија, па при славјето потиснаа еден од фоторепортерите кои се наоѓаа пред нивните навивачи.
Сепак и покрај незгодната ситуација во која се најде фоторепортерот, целосно ја задржа својата професионалност, доловувајќи ја радоста на хрватските фудбалери на најдобар можен начин.