Грција протера двајца руски дипломати, а на двајца други им забранија влез во државата поради наводно поткопување на државната безбедност. Дипломатите, пренесуваат медиумите, се обиделе на некој начин да влијаат на чуствителни прашања во Грција, особено во преговорите за спорот со името на Македонија.
Портпаролот на грчката влада не даде многу детали по извештаите, но кажа дека Атина ќе преземе соодветни „мерки“ против оние кои го прекршиле меѓународното право.
Руските власти рекоа дека како одговор, од Москва ќе бидат протерани двајца грчки дипломати.