Шаќири денеска на медицински прегледи во Ливерпул

Џердан Шаќири ќе биде третото засилување на Ливерпул во овој преоден рок, по Фабињо и Наби Кеита. Швајцарскиот репрезентативец беше поврзуван со преселба на „Енфилд“ уште пред почетокот на СП 2018, а на инсистирање на Јирген Клоп преговорите се интензивираа во последните неколку дена, по што беше постигнат и целосен договор со Стоук.

 

Клаузулата во договорот на Шаќири со Стоук Сити, кој испадна од Премиер лигата, вреди 13,5 милиони фунти.

 

Британските медиуми објавија дека тој синоќа пристигнал на „островот“, а во текот на денешниот ден ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе потпише четиригодишен договор со Ливерпул.

 

Шаќири е дете на Базел, а во својата клубска кариера играше за Баерн Минхен и Интер пред да се пресели во Стоук Сити во 2015 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien