Аргентина го раскина договорот со Сампаоли

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Хорхе Сампаоли повеќе не е селектор на „Гаучосите”. 58-годишниот стратег си заминува откако Фудбалската федерација на Аргентина го раскина неговиот договор.

 

Аргентина беше едно од разочарувањата на мундијалот во Русија, едвај ја помина групата и испадна веќе во осминафиналето. Поискусните играчи на „Гаучосите“ бараа негово разрешување уште пред клучниот меч со Нигерија и сакаа тие да го состават тимот.

 По долги преговори, двете страни изминатиов викенд се договорија за обештетување од 2 милиони долари, по што следуваше и официјално соопштение.

„Денеска, Фудбалската федерација на Аргентина и селекторот Хорхе Сампаоли на взаемна согласност го раскинаа договорот“, гласеше известувањето.

 

Заедно со Хорхе Сампаоли си заминаа и фитнес тренерот Хорхе Десио како и видео аналитичарот Матијас Мана.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи