Распродажба во Барселона – дури 10 играчи ставени на трансфер листа

Екипата на Барселона во досегашниот тек на овој преоден рок обезбеди две нови имиња Артур Мело и Клемен Ленгле, а во исто време работи и на потписот на уште неколку други играчи како Вилијан, Адриан Рабио и Френки Де Јонг.

 

Многу поинтересно ќе биде да се види кои од фудбалерите од актуелниот играчки кадар ќе си заминат. По Иниеста и Паулињо, на трансфер-листата се ставени дури десетмина играчи.

 

Станува збор за Андре Гомеш, Алеиш Видал, Марлон Сантос, Даглас, Мунир Ел Хадади, Рафиња и Серхи Сампер. Ако на ова се додадат уште неколку имиња кои исто така не се сигурни како Јери Мина, Лука Дињ, Јаспер Силесен и Пако Алкасер тогаш станува јасно дека Ерик Абидал и неговите соработници се пред голем предизвик во кој ќе мора да најдат решение за овие играчи, а во исто време да дојдат до соодветни засилуавња кои ќе донесат свежа крв и ќе гарантираат успеси.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien