Мбапе ја донираше заработката од Светското првенство во спортска школа за деца со попреченост

Facebook
Twitter
Email
Print

Килиан Мбапе, францускиот фудбалер кој беше прогласен за најдобар млад играч на Светското фудбалско првенство во Русија, ја донираше во хуманитарни цели целосната заработка која ја имал во текот на првенството.

 

Медиумите пресметале дека 19-годишниот Мбапе од натпреварите и бонусите на светскиот шампионат заработил вкупно 430 илјади евра кои ќе ги донира на хуманитарната организација „Preiers de Cordees“ која организира спортски активности за деца со попреченост.

 

Зборувајќи за весникот Ла Парисиен, хуманоста на Мбапе не била изненадување за генералниот менаџер на хуманитарната организација Себастијан Руфин.

 

„Килиан е прекрасна личност. Секогаш кога обврските тоа му го дозволуваат тој со задоволство помага во нашите активности“, изјавил Руфин.

 

Хуманоста на младиот фудбалер предизвикало и дел од колегите од репрезентацијата да го следат. Одбранбениот играч Самуел Умтити, кој е еден од оние кои се приклучиле во акцијата, изјавил дека играњето за националниот тим нема никаква врска со парите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи