По две години укината вонредната состојба во Турција

Турската влада донесе одлука да ја укине вонредната состојба во државата, што беше воведена пред две години по неуспешниот државен удар во склоп на која се спроведени обемни чистки, но опозицијата стравува дека таа и понатаму ќе се спроведува преку новиот „антитерористички закон“.

 

Владата сега гласаше против продолжувањето на вонредната состојба за дополнителни седум месеци и ова уследи неколку недели откако Реџеп Таип Ердоган освои нов петгодишен претседателски мандат, како и мнозинство во парламентот. Вонредната состојба е укината во согласност со предизборното ветување на претседателот  Ердоган дека нема повеќе да ја продолжува истата.

 

По неуспешниот државен удар уапсени се над 77.000 лица поради наводни врски Ѓулен, а над 110.000 државни службеници, вклучително и учители, полицајци, научници, гувернери и адвокати, заедно со 4.000 судии и обвинители добија отказ. Исто така, отказ добија и повеќе од 5.705 научници од 119 универзитети. Најголем дел од нив се окарактеризирани како поддржувачи на клерикот Фетула Ѓулен, кој живее во САД и кого Турција го посочи како организатор на државниот удар, во кој загинаа 250 луѓе, а речиси 2.600 беа повредени.

 

Во изминатите две години 985 стопански субјекти, вклучително и болници, универзитети и невладини организации, беа или затворени или казнети, а 174 медиуми беа затворени.

 

За време на вонредната состојба турскиот Уставен суд беше лишен од основната контролна функција и немаше овластувања да се меша во указите на Ердоган, а Владата можеше да забрани печатење и дистрибуција на весници, списанија, брошури, книги и плакати, како и да ограничи или да забрани дистрибуција на аудио или видео материјали, вклучително и за телевизија, радио или филмови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien