ВИДЕО: Неколку торнада ја опустошија Ајова

Aмериканската сојузна држава Ајова ја погодија неколку торнада кои зад себе оставија пустош. Најмалку 17 луѓе се повредени, а предизвикана е катастрофална материјална штета, јавија американски медиуми.

 

Објавени се застрашувачки снимки од торнада, кои ги погодиле градовите Маршалтаун, Пела и Бондурант. Повредени се 10 лица во Маршалтаун и 7 во една фабрика близу Пела.

 

Најлошо било во Маршалтаун, град со 27 000 жители, каде торнадо корнело кровови од згради, урнало купола од зградата на судот, а оштетена е и локална болница.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien