Меркел: Повеќе не можеме да сметаме на САД во зачувувањето на светскиот поредок

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека била во право кога пред една година тврдеше дека Европа повеќе не може да смета на САД кога станува збор за воспотавување ред во светот и дека е време ЕУ да ги преземе нештата во свои раце.

„Не можеме повеќе да сметаме на суперсилата САД“, кажа Меркел на прес-конференција во Берлин.

 

Таа не се изјасни прецизно за средбата на американскот претседател Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, туку кажа дека е „среќна околу секоја средба“ и смета дека средбите на рускиот и американскиот претседател треба да бидат нешто нормално.

 

Меркел односот на Германија и САД го опиша како клучен, иако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела го нарече Берлин „заробеник“ на Москва поради зависноста од рускиот гас.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien