Мистериозниот саркофаг отворен, Египет демантира дека е на Александар Македонски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Египетското министерство за антиквитети потврди дека не е пронајден гробот на војсководецот Александар Македонски, откако го отвори мистериозниот саркофаг пронајден во Александрија.

 

Саркофагот е стар 2.000 години и ги покрена шпекулациите во локалните и светските медиуми дека во него би можело да се наоѓаат посмртните останки на Александар Македонски. Сепак, во него биле пронајдени три мумии за кои се верува дека биле членови на едно семејство.

 

„Откривме костури на тројца луѓе и се чини дека станува збор за семејна гробница. За жал, мумиите не се во најдобра состојба и останале само коски“, рече Мостафа Вазири, секретар на министерството.

 

Градежни работници минатиот месец случајно го пронајдоа саркофагот од црн гранит, на градилиште за станбена зграда во историскиот град Александрија. Саркофагот кој тежи 30 тони е најтешкиот саркофаг што некогаш е пронајден во овој град.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи