Федерер си го бара личното лого „РФ“ од „Најк“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер неодамна потпиша договор со јапонскиот производител на спортска опрема „Уникло“, но неговото лично лого РФ остана во сопственост на америкнската компанија „Најк“.

 

Федерер изјави дека сака да го врати во негова сопственост логото, а потоа со  „Уникло“ да продолжи да произведува сопствена линија на спортска опрема.

„Логото е во сопственост на „Најк“, но порано или подоцна повторно ќе можам да го користам. Се надевам дека ќе се случи што е можно порано“, истакна 36-годишниот швајцарски тенисер.

 

„Најк“ со Федерер соработуваше 20 години, a брендот РФ беше развиен во 2010 година.

 

Во медиумите се појавија гласини дека швајцарскиот тенисер за десетгодишниот договор со „Уникло“ ќе заработи 300 милиони долари, но Федерер ги демантираше овие информации.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи