Пулишиќ не ја доби наградата за играч на натпреварот поради бизарна причина!

Кристијан Пулишиќ одигра одличен натпревар и постигна два гола во Чарлот во победата на Борусија над Ливерпул (3:1).

 

Најпрво погоди од пенал, потоа прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот, а учестуваше и во акцијата по кој падна третиот гол на Дортмунд во судиското надополнување, поради што на крајот го доби епитетот играч на натпреварот, но не и наградата за играч на натпреварот, поради бизарна причина… бидејќи е малолетен. Имено, спонзор на наградата беше Хајнекен, а по правилата на САД, играч помлад од 21 година не може да дојде во контакт со алхокол, поради што 19-годишниот Пулишиќ не може да ја добие наградата.

 

На крајот одлучено беше наградата да ја добие стоперот на „Црвените“, Ван Дијк, кој го постигна единствениот гол за својот тим.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien