Барселона го украде Малком од Рома

Помалку од 24 часа и беа потребни на Барселона да го „украде“ веќе договореното засилување на Рома, со што сосема неочекувано 21-годишниот фудбалер на Бордо, Малком влезе во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност.

 

Вчера Бразилецот беше веќе виден како нов фудбалер на Рома бидејќи Бордо ја прифати понудата на „Волчицата“ вредна 32 милиони евра, плус бонуси, а играчот потпиша договор вреден 2.5 милиони евра годишно.

 

Веќе беше на аеродромот чекајќи авион за Рим, кога вчера доцна вечерта пристигна понудата од Барселона која изнесуваше 41 милион евра и три преку бонуси. Бордо автоматски ја прифати, а потоа „да“ кажа и Малком кој не сакаше да ја пропушти приликата да заигра за каталонскиот гигант.

Малком е веќе на пат за Барселона, денес ќе ги помине лекарските прегледи и ќе биде претставен како ново засилување за Каталонците ова лето. Според „Мундо Депортиво“ тој ќе го носи дресот со број седум.

 

Откако ќе ги мине прегледите и официјално ќе биде промовиран, Бразилецот експресно ќе им се приклучи на своите нови соиграчи на турнејата во САД во предсезоната.

 

Пред него Барса ги доведе играчот за врска Атрур и стоперот Ленглет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien