Извршена ждрепката за Ла Лига: Ел Класико во октомври!

Денеска беше извршена ждрепката за новата сезона од Ла Лига, каде титулата ја брани Барселона, при што првото коло се игра на 18. август а последното на 18. мај. Првото „Ел Класико“ во новата сезона ќе биде на програмата на 28. октомври и ќе се игра на Камп Ноу. Возвратната пресметка во Мадрид на Сантијаго Бернабеу ќе се игра на 3. март.

 

Новата сезона во Шпанија започнува во втората половина на август, во воведното коло Барселона се среќава со Алавес, Реал Мадрид го пречекува Хетафе, а дербито е на Местаља каде Валенсија ќе излезе на мегдан со Атлетико Мадрид.

 


 

Во Ла Лига за прв пат ќе има асиметричен календар, па во последното коло кое треба да биде на програмата викендот 18. и 19. мај, Барселона гостува кај Еибар, Реал Мадрид го пречекува Бетис.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien