Награда за најдобра изведба на староградска музика за Октетот „Прилеп“ на „Илинденски денови“ во Битола

Октетот „Прилеп“ како учесник на Фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови“ во Битола, за својот настап на 31.07.2018 година доби награда од жирито на фестивалот за најдобра изведба на староградска музика.

 

Октетот работи со поддршка на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп повеќе од 15 години, а има издадено 3 албуми со 40 композиции и ја одржува традицијата за староградска музика.

 

Октетот „Прилеп“ остана единствен активен октет на староградска музика кој функционира во Македонија непрекинато, со редовни концертни настапи и проби.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи