Некогаш не е сè во парите – Ракитиќ и Барса одбија страшна понуда на ПСЖ

Барселона и Иван Ракитиќ решија да ја одбијат понудата од ПСЖ која е тешко да се одбие. На Барса и беше понудено 100.000.000 евра за Хрватот, за него поголема плата од онаа која ја има на „Камп Ноу“, но нивниот одговор беше негативен и ја продолжија меѓусебната соработка.

 

Барса и Ракитиќ постигнаа џентлменски договор дека искусниот играч за врска ќе добие зголемување на платата во Каталонија и дека на тој начин се става точка на приказната за негово заминување. А гледајќи од финансиски аспект, ова беше понуда која не се одбива.

 

Барса го доведе Ракитиќ од Севиља пред четири години за само 26.000.000 евра. За тоа време стана еден од нејзините најстандардни и најсигурни играчи. Го исплати секое евро вложено во него и клубот можеше да заработи четири пати повеќе на него. Тешко кој би одбил 100.000.000 евра за играч кој влезе во четвртата деценија и за кого цената во иднина може само да опаѓа. Но, Барса спортските интереси ги стави пред финансиските и лесно се договори со Ракитиќ.

 

Тој досега имаше договор вреден 8.000.000 евра до 2021. година. ПСЖ му нудеше 10.000.000 евра до 2023. година. Сепак, Барса со зголемување на платата ја реши ситуацијата и го блиндираше Хрватот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien