ОН: На војската на Мјанмар да и се суди за геноцид

Војската на Мјанмар извршила масовни убиства и групни силувања над муслиманите од заедницата Рохиџи, односно имала геноцидни намери, а командантот на армијата и петте генерали треба да бидат обвинети за најстрашни злосторства, рекоа денеска истражувачите на ОН.

 

Армијата изврши брутална акција во мјанмарската држава Ракин пред една година како одговор на нападите на локалните сили на 30 полициски позиции и една воена база. Околу 700.000 Рохинџи избегале и сега живеат во кампови во соседниот Бангладеш.

 

Владата предводена од добитничката на Нобеловата награда за мир Аунг Су Кји ги отфрла обвинувањата за ѕверствата, тврдејќи дека бесбедносните сили законски задушиле дејствување на муслимански екстремисти.

 

Одборот за човекови права на ОН објави денес извештај во кој бара од командантот на мајнмарската војска Мин Аунг Хлаинг да отстапи од должноста, откако телото на светската организација предложи на Меѓународниот кривичен суд да му се суди за „геноцидни намери“ и тешки злосторства врз Рохинџите.

 

„Единствениот пат напред е барање за негова оставка и итно отстапување од должноста“, истакна на конференција за медиумите во Женева Марзуки Дарусман, лидерот на меѓународната мисија за утврдување на фактите во Мјанмар.

 

Дарусман истакна дека одборот, кој во извештајот ги обвинува за геноцид Мин Аунг Хлаинг и уште петмина генерали, има и посебен доверлив документ на кој се наоѓаат воените функционери, помошните сили, цивилите и бунтовниците.

 

Мјанмарската влада, која доби копија од извештајот на ОН, што е стандардна пракса, сѐ уште не ги коментирала тврдењата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien