Џудо Клубот „Бушидо“ од Прилеп оствари голем успех на меѓународниот турнир „Трофеј Пантера“ кој се одржа во Бјелина, БиХ, Република Српска. На турнирот зедоа учество над 800 натпреварувачи од повеќе држави.
Ова се членовите на ЏК „Бушидо“ кои се вратија со медали :
Елеонора Илиоска, 1 место во категорија помлади пионери
Теодора Ристеска, 2 место категорија кадети
Елена Малиноска, 3 место постари пионери
Сара Атанасоска, 3 место категорија кадети
Марија Талеска, 3 место категорија кадети
Румејса Фејзула, 3 место категорија кадети. Инаку Фејзула е член на ЏК „Ипон“ од Скопје, но се бореше и ги бранеше боите на ЏК „Бушидо“ од Прилеп
ЏК „Бушидо“ се збратими и со клубот домаќин „Пантера“.
136