Пред точно една година ја започнавме реализацијата на идејата за создавањето на првиот и засега единствен регионален информативен портал во Пелагонискиот регион кој работи исклучиво со продукција на авторски видео прилози. Сите информации од регионот, поставени на порталот се наша продукција, нешто на што сме особено горди.
Со многу труд и посветеност за една година успеавме да докажеме дека портал од ваков вид може да функционира и надвор од Скопје. Вакви портали се реткост дури и на ниво на Македонија. Затоа често пати слушаме од нашите читатели како порталот го нарекуваат и регионална интернет телевизија.
Во текот на оваа година поставивме принципи на навремено, точно, објективно и партиски непристрасно новинарство, нешто што нашите посетители веднаш го препознаа и ни ја дадоа својата доверба со 1 милион посети на нашиот портал за една година.
Кај нас нема партиски лајкови, шерови по наредба или платени текстови по нарачка. Тоа го знаат сите и граѓаните и политичарите. Tокму затоа Инфо Компас се наметна во Прилеп и регионот како синоним на вистинска дестинација до објективна информација. Не читаат сите!
Секогаш први со ексклузивни информации од терен, работиме во интерес на граѓаните, со стории за нивните проблеми и неажурноста на институциите.
Станавме препознатливи по големиот број на интервјуа со личности од сите сфери на општествениот живот. Секогаш ја даваме нашата поддршка и промоција на културата и спортот во нашиот град.
Преку рубриката Збор 2 на еден поинаков и уникатен начин ги промовираме знаменитостите во регионот, културното и природното наследство како и интересните хобија и животен стил на голем број наши сограѓани.
Ви благодариме на довербата и заедно со вас, граѓаните, како наши партнери, продолжуваме и понатаму во градењето на професионалното известување и информирање. Ние сме секогаш тука за Вас!
Редакција Инфо Компас.