Во Прилеп синоќа за прв пат во Македонија се одржа спектал од светски размери. Започна 3-тиот по ред „Macedonian trophy“ кој ќе трае 3 дена, а на кој учество зедоа над 230 учесници од повеќе балкански држави. Организатор е клубот „OFF-ROAD PRILEP“. Новитет оваа година беше ноќната трка која се одржа во околината на Прилеп. Оваа атракција е вистинска реткост и за целиот Балкан. Трката ќе трае и денес во околината на Прилеп, а во недела манифестацијата ќе се одвива на спортската арена кај Лагово.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЕКСКЛУЗИВНОТО ВИДЕО ОД СИНОЌЕШНИОТ НАСТАН :