Денеска во Кочани, во организација на Џудо Федерација на Македонија и техничка организација на ЏК „Гладијатор“ Кочани се одржа Екипно Државно Првенство во Џудо за Сениори во машка и женска конкуренција.
На првенството настапија вкупно 4 клубови во машка и 3-клубови во женска конкуренција. ЏК „Сеишин“ Прилеп настапи со екипа во само во машка конкуренција и го освои 3-то место. Со ова клубот ги заврши настапите на Државно ниво.