Оваа година ЏК „Бушидо“ од Прилеп ја заврши со голем број успеси како на меѓународно така и на државно ниво. Во 2018 околу 22 членови на Бушидо освоија 130 медали што е навистина за респект и голема пофалба. Според тренерот Рубин Пеески ова навистина огромен успех за еден млад клуб како што Бушидо и кој постои само 4 години.
„Најголемиот успех го покажаа и кадетите и пионерите, кои што за 2018 година кадетите се рагирани на 3-тото место, а пионерите на 2-рото место на листата на џудо федерацијата на Македонија. Инаку Бушидо е на 7-мото место што е за пофалба за еден толку млад клуб. За 4 години откако започнавме да работиме собрани се 580 медали од кои 70% се надвор од Македонија. Во Бушидо од почетните 25 натпреварувачи сега имаме дури 15 репрезентативци од кои еден во кадети, а другите во помлади пионери и во деца. Продолжуваме понатаму со европските натпреварувања и во 2019 година“, истакна Рубин Пеески, тренер на ЏК „Бушидо“.
Најголемиот успех за клубот за 2018 година го постигна Теодора Ристеска.
„Теодора Ристеска оваа година освои 3 државни првенства и тоа државен првак во кадети, државен првак во јуниори и државен прват во сениори. Тоа е навистина преголем успех за неа. Со овие нејзини успеси прогласена е за 2018 за еден од најдобрите млади спортисти на градот. За 2019 година планираме да вложуваме во европските купови и европските првенства. Исто така нема да ги потцениме и другите меѓународни натпревари. Од каде што во 2018 стекнавме многу големи пријателства, збратимување со други џудо клубови. А исто така основа на сето ова се државните првенства коии нема да се занемарат Тоа е отскочна даска за сите нови, идни и сегашни членови на ЏК „Бушидо“, додаде Пеески.
Најуспешниот член на Бушидо, Теодора Ристека, уште еднаш повтори дека се надева дека конечно во Прилеп за прв пат ќе го донесе европското злато.
„Освоив 3 први државни места, од кои се државен прва во кадети, јуниори и сениори. За 2019 желбата ми е да успеам да го донесам европското злато во Прилеп“, рече Теодора Ристеска.
ВИДЕО ОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЏК БУШИДО ЗА 2018 ГОДИНА :
Клубот и оваа година како и претходните наназад организираше предновогодишна забава за натпреварувачи. Менаџерот Бојан Митковски рече дека е горд што во 2018 година клубот освоил 130 медали.
„Годинава бевме на повеќе државни и меѓународни првенства и на 2 европски купови. Едниот се одржа во Романија, другиот во Словенија. Ние сме горди што овие деца освојувата први, втори и трети места. Како најзначаен настан за оваа година е што нашата натпреварувачка Теодора Ристеска ја освоии 3-то ноемвриската награда за најдобар спортист на град Прилеп. Во 2019 година Бушидо ќе го прослави својот мал јубилеј 5 години постоење. Имаме повеќе понуди од многу држави за учество на меѓународни првенства. Во голема предност ни се европските купови. Во март имаме европски куп во Анталија, Турција, а потоа европското првенство во Загреб, Хрватска“, истакна Митковски.
Овој млад клуб од Прилеп и неговите членови се вистински пример за посветена работа, храброст и упорност која секако на крајот носи вакви огромни успеси. Честитки !