Александар Стојкоски и Мери Мирчевска од Прилеп победници на зимската планинска трка Чупино вертикал на Плачковица

Александар Стојкоски од Прилеп е победник на зимската стрмна трка Чупино вертикал, што се одржа на падините на планината Плачковица, а чиј организатор е Здружението за планински спортови „Running squad“ од Виница.

 

Стојкоски беше најбрз меѓу педесетината натпреварувачи – маратонци од Македонија, Бугарија и Белгија, кои имаа задача да ја совладаат патеката долга 5,5 километри со висинска разлика од над 1.000 метри, чија почетна точка беше во селото Блатец, а целта на врвот Чупино.

 

„Првпат учествувам на трката Чупино вертикал која е доста е напорна, посебно поради стрмнината и непристапноста, а и тоа што на последните 1.500 метри имаше тврд снег. Конкуренцијата беше одлична, а мене ми требаа педесетина минути за да ја истрчам патеката. Организацијата беше одлична, се надевам дека трката ќе стане традиционална“, истакна победникот Стојкоски.

 

Веднаш зад Стојкоски на целта пристигнаа домашниот маратонец Марјан Бонев и Мајкл Ван Белен од Белгија.

 

Во женска конкуренција најбрзи беа Мери Мирчевска и Сања Најдовски од Македонија и Емилија Христова од Бугарија.

 

Планинската трка до врвот Чупино се одржа по втор пат, но беше прво натпреварување во зимски услови. Покровител е локалната самоуправа на Виница, а финансиска поддршка во организацијата обезбедија и локалните компании.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи