ФК Победа и дефитивно е во агонија, на прилепскиот прволигаш веројатно црно му се пишува. Вчера Небојша Стојковиќ си поднесе оставка од местото претседател на клубот, претходно со назначувањето на Јане Николоски за тренер, Победа остана и без спортски директор. Сега клубот е без луѓе на двете најзначајни функции.
После се ова Јане Николоски како стратег се соочува со големи проблеми. Во зимскиот преоден рок клубот го напуштија неколкумина првотимци, ретко кој сакаше да дојде, и тој што дојде, како Љамчевски на пример, по само месец дена избега од Победа. И кога имаш таква екипа каква што имаш сосема нормално е и резултатите да се под нивото, ете на првиот меч со Беласица оваа пролет одигран во Кичево, фудбалерите на Победа одиграа само 1:1. Тоа е знак дека полека но сигурно прилепчани треба да се подготват за жестока битка за опстанок во следните 17 кола колку што има до крајот на сезоната.
За Купот нема што премногу да се дискутира, едно се желбите а сосема друго се можностите. На 27 овој месец и на 10 април, Победа едноставно нема никакви шанси во полуфиналето против Академија Пандев.