Женскиот Фудбалски Клуб Прилеп во периодот од 21 до 23 .02 ќе биде домаќин на шампионската екипа на ЖФК „Брезница“ од Црна Гора кои што се повеќе кратни шампиони во женскиот фудбал. Се палнира да се одиграат два меѓународни пријателски натпревари и тоа: ЖФК Прилеп-ЖФК Брезница – петок 22.02 во 15 часот и ЖФК Прилеп -ЖФК Брезница – сабота 23.02 во 11 часот. Двата натпревари се играат на стадионот со вештачка трева во Прилеп.
„Чест ние што како клуб кој што игра прва сезона во женскиот фудбалски шампионат и постои само 8 месеци да имаме за гости вака реномирана фудбалска екипа од регионот,екипа со која што почнуваме нова соработка со цел да собираме искуство од успешни фудбалски колективи за во иднина да напредуваме како клуб,чекор по чекор со посветена работа со точко зацртани цели да направиме добри резултати и оставиме белек во женскиот фудбал кај нас“, истакна претседател на ЖФК ПРИЛЕП, Славчо Ѓорѓијоски.