Отворена најголемата џамија во Турција – може да прими 60 илјади верници

Facebook
Twitter
Email
Print

Утринава беше отворена најголемата џамија во Турција, „Чамлиџа“, сместена на брдото на азиското крајбрежје на Босфор, од каде погледот се шири кон целиот Истанбул.

 

Димензиите на џамијата се полни со симболика. Главната купола на џамијата е висока 72 метри и претставува 72 нации настанати во Истанбул, додека другата купола е висока 34 метри и симболизира регистерка ознака на тој град. Во внатрешноста на куполата се напишани 16-те имиња на Алах, а на површината од 22 метри ќе биде испишана Surah Al-Fath.

 

Џамијата е изградена на 30.000 квадратни метри и може да прими 60.000 верници (околу 25.000 во внатрешноста, 12.500 во дворот и 22.500 во надворешниот двор). Во џамијата има и платформа од која посетителите може да ги следат молитвите.

 

Импознатниот комплекс покрај џамијата содржи и музеј, уметничка галерија, книжарница, конференциска сала, уметничко ателје и голем паркинг.

 

Новата истанбулска џамија е изградена во отоманско-селџучки стил со елементи на модерна архитектура, а поради изгледот и местоположбата, веќе претставува впечатлив симбол на градот на Босфорот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи