Пронајдени тврдини и тајни тунели под Алкатраз од времето на американската граѓанска војна

Facebook
Twitter
Email
Print

Археолозите го потврдија долготрајното сомневање на историчарите дека познатиот затвор Алкастраз бил изграден над воени тврдини од времето на американската граѓанска војна.

 

Археолозите користеле радари и ласерско скенирање на земјата, како и историски мапи и фотографии. Пронајдени се целосно закопани згради, складишта за муниција и тунели.

 

„Остатоците датираат од 19-от век“, се наведува во статијата во списанието „Геофизика под површината“.

 

Локалните медиуми пренесуваат дека истражувачите пронашле голем број соби и тунели под дворот на Алкатраз, каде што своевремено затворска казна служеше познатиот мафијаш Ал Капоне.

 

Историчарите веруваат дека работници во 20 век го граделе затворот над веќе постоечки градби. Објектот е максимално обезбеден и изолиран поради што е наречен Алкатраз на Карпестите Планини или планински Алкатраз. Тој се наоѓа на остров во заливот Сан Франциско и американските власти го користеле кога во 1840 година ја освојувале Калифорнија од Мексико. За време на граѓанската војна, тврдината била користена како воен затвор, а од 1930 до 1963 година како федерален затвор.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи