Општина Новаци се збратими со турската општина Караџасу

Општина Новаци потпиша Декларација за збратимување со општина Караџасу од Република Турција, со која двете општини ќе соработуваат во голем број области од општествениот живот.

 

Делегација од општина Новаци, која во Турција во областа Ајден, ќе остане 4 дена, е предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

 

„Областа Ајдин е место каде што живеат голем број на иселеници од Македонија, поради тоа беше донесена одлука за збратимување од страна на Советот на општина Новаци, како и Советот на општина Караџасу од Турција, со што денеска формално со мојот колега г-динот Мустафа Бујукјапиџи потпишавме Декларација за збратимување на нашите општини. Општините ќе соработуваат на економски, културен и спортски план, како и во други области од општествениот живот”, изјави Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

 

 

 

Во обраќањето пред присутните гости, градоначалникот на општина Караџасу, Мустафа Бујукјапиџи, се осврна на основните постулати во Декларацијата за збратимување помеѓу двете општини за градење и унапредување на взаемните односи, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, економијата, младите и спортот, како и подготовка и аплицирање на заеднички проекти и нивно финансирање од фондовите кои се достапни.

 

 

Автор : Петар Велјановски

 

Оваа вест. е поддржана преку проектот „ Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести “, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините во веста се единствена одговорност на авторот и на ЛАГ Агро Лидер, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи