Во Прилеп вечерва се отвора 54-тото издание на „Војдан Чернодрински“ – новитет награда од публиката

Вечерва во Прилеп се отвора 54-тото издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Во официјална конкуренција ќе има 8 претстави, а фестивалот вечер ќе го отвори „Макбет“ на МНТ Скопје. Пред тоа свој концерт ќе има Влатко Стефановски. Наградите за животно дело годинава одат кај Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку.

 

 

Новитет оваа година е тоа што се воведува награда од публиката. После секоја претстава ќе има тркалезна маса на која може да присуствува која сака и да дава критики и оценки за претставата. На тркалезните маси ќе присуствуваат и актерите.

 

„Воведуваме гласање на публиката, што е за мене интересно и предизвик и мислам дека ќе биде и за публиката интересно да си го даде својот глас и да има право на избор на претстава. После секој разговор на тркалезна маса, ќе бидат во меѓувреме избројани гласовите, заедно со претставници од театарот од каде што доаѓа претставата и ќе може веднаш по завршување на тркалезната маса да се соопшти, по принцип на проценти, колку проценти има добиено таа претстава. Ќе бидеме крајно транспарентни за тоа. На доделувањето на наградите, кое ќе биде на 15-ти, ќе биде доделена и наградата од публиката, статуета која ја изработува Општина Прилеп и ќе ја додели градоначалникот Илија Јованоски“, истакна Катарина Хаџи Василева, уметнички директор на фестивалот.

 

Хаџи Василева додаде дека оваа година Министерството за култура им доделило 4 милиони денари, односно ја зголемило сумата за разлика од лани. Тука секако биле и главните спознори на фестивалот Прилепска пиварница, Мермерен комбинат и Витаминка.

 

„Ќе има трибина „Ова е наше време, овој фестивал, ова е времето за театар“. Таа трибина ќе опфаќа многу работи околу таа тема, ќе има интересни говорници на трибината и за сето тоа ќе бидете навремено известувани. Имаме и гости од надвор, што многу ни е драго, ќе биде присутен и критичарот што доби награда „Стерина“ како најдобра критика, господинот Александар Милосављев, кој беше љубезен да дојде и во својство на селектор за друг фестивал. Идејата ми е да се рашириме малку, мислам дека македонскиот театар секогаш бил на врвот, македонското глумиште, македонските театри воопшто на многу високо ниво, и еден подолг период не сме информирани толку за нашиот театар, па овој фестивал сакам да е можност да може да се преставува и пошироко. Во однос на другите околни театри македонскииот театар мислам дека е на многу високо место, ама тоа сериозно го мислам, затоа што проблемите кои се случуваат во театар и со средства и со секакви проблеми во кои доаѓа театарот, кои што никогаш не сме можеле да ги избегнеме сосем до крај, е нешто што се случува секаде. Јас присуствував на неколку фестивали, некаде бев жири, некаде бев како гостин и можев точно да ја направам проценката каде сме ние во сето тоа. Мислам дека многу успешно следиме и сме на многу високо ниво, на некои претстави и на повисоко ниво од претставите што имав можност да ги гледам во целиот регион“ додаде Хаџи Василева.

 

Членови на жирито се актерките Бедија Беговска, како гостин од Хрватска Лилјана Богоевиќ, која има добиено Чернодрински пред 25 години, била член на Драмскиот театар, баш случајно видов слика од неа и се изненадив, и Маја Беликовиќ, актерка.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи