ВИДЕО – Спиркоски : Прилеп 3 години е без стадион, некој треба да одговара, надлежните да утврдат зошто не е завршен теренот

Стадионот е се полош и полош, не само што го изгубивме тревнатиот дел како што може и сами да видите туку се руинира и тоа што беше здраво. Доколку не се реши овој проблем тоа ќе биде голема пречка за Победа и во втората лига ако воопшто почнеме со игра. Потенцираше на денешната прес конференција Миле Спиркоски, в.д. претседател на „Победа“. Според Спиркоски малата трибина веќе била покриена, а од наредната недела ќе се започнело и со санација на големата трибина. Но трибините за нив не биле пречка туку немањето на терен.

 

 

„Јас овде јавно ќе го поставам прашањето и ги повикувам и институциите во државава конечно да истражат што се случува тука. 3 години да се остави град без терен очигледно некој треба да сноси вина. Прво прашање е зошто се извади тревата. Сами знаете доколку сакат да реновирате некој објект треба да имате план и програма. Доколку немат план и програма зошто се почнува со реновирање. Објектот се отпочна, се правеа промоции, политички презентации, се искористи сето тоа, но се уништи објектот и на некој начин и клубот. Прашање на време беше само кога клубот ќе дојде во оваа ситуација.

 

Клубот можеше да игра на стадионот доколку имаше трева, тревата беше во одлична состојба, пред да биди изградена таа беше реновирана. При влегувањето на Победа во прва лига имавме по 8 до 10.000 публика. Од која причина се започна, а не се продолжи, тоа треба да утврдат надлежните институции. Да се утврди кој и зошто го започна ова. Да не се обвинуваме дека некој требало да направи едно, а друг друго. Во планот беше да се изгради тревата и така требаше да биде. ТОгаш можевме да ги играме натпреварите дома. Се реновирала малата трибина, ќе имаше публика на гоолемата, па потоа обратно. Прашувам дали неплански или намерно е направено ова вака да немаме фудбал.

 

Сите објекти кои се почнати со УЕФА Хет трик програмата беа завршени и во Битола и во Тетово и во Штип. Потенциравме дека одржувањето на такви терени е многу скапо и побаравме од градоначалниикот да се заложи наместо со садење на тревата, бидејќи тоа трае година и половина за да може да се игра на неа, да се премини на изработка на тревната подлога со басјеи на таков начин стадионот да биде готов за 2-3 месеци. Ако пример денес се отпочне со садење на трева на стадионот ви гарантирам дека за 1,5 години иилии 2 нема да може да се влези. И со тоа ќе се направат 4,5 години Прилеп да нема стадион и без публика“, истакна Спиркоски.

 

Ако не се најде решение клубот по законите за акционерски друштва ќе падне во стечај и бидејќи нема стечајна маса со која ќе се подмират обврските клубот многу лесно ќе дојде до ликвидација. Спиркоски вели дека кога некој објект се реновира се поставуваат табли со информации за тоа кој го гради, што гради и кога тој ќе биде готов, но тоа во Прилеп го нема.

 

„Дојдe фирма кои се претставија дека се ангажирани од Фудбалска федерација на Бугарија кои го извадоа тој дел. Ги искршија стативите иако можеа да се употребат на друг терен, исто и тревата ја извадија иако можеше да се употреби. Се изработи неплански се почна и едноставно по ископувањето на каналите и дренажата тие дојдоа си ги зедоа алатите и на прашањето зошто заминувате рекоа дека добиле инструкција да работат на друг терен. Институциите треба да видат кој е инвеститор, зошто се почнало и кога треба да се заврши. Ние сме корисници на објектот како клуб кој е во сопственост на Општина Прилеп и таа треба да да даде подетален одговор на овие прашања. Ние не можеме ништо да бараме зошто нешто не е завршено и кој требало тоа да го направи“, додаде Спиркоски.

 

Според Спиркоски ако Победа сака само да остане во втора лига ќе биле потребни околу 80.000 евра годишно. Но ако сакала да се врати во прва лига потребно било да се купат нови играчи и сето тоа ќе чинело над 200.000 евра.

 

„Да ги подмириме обврските до некое ниво и да се најдат спонзор или спонзори кои ќе го финансираат клубот, бидејќи акционерите јасно се изјаснија дека не сакаат да продолжат со клубот, тогаш финансиската рамка за една натпреварувачка година во втора лига е околу 80.000 евра за натпреварување кое би обезбедило само опстанок во втора лига. Доколку пак сакаме клубот да се избори за пласман во прва лига тогаш нема да бидеме под 200.000. Бидејќи треба да се доведат квалитетни играчи, бидејќи еве најавуваат дека добар спонзор добива Брегалница од Штип, Беласица и Тиквеш иисто така најавија враќање во прва лига“, изјави Спиркоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи