Прилепскиот параглајдерист Борјан Јованоски викендов постигна уште еден нов голем успех освојувајќи го второто место на Европскиот куп кој се одржа во романскиот град Урои, докажувајќи дека е спортист од светски калибар.
Првото и третото место го освоија словенците Јака Горенц и Матијаз Слуга.
Борјан Јованоски освен второ место во поединечна, го освои и третото место во екипна конкуренција.