Мицотакис положи свечена заклетва – Грција има нов премиер

Facebook
Twitter
Email
Print

Лидерот на конзервативната Нова демократија Кирјакос Мицотакис, син на поранешниот грчки премиер, Константинос Мицотакис, брат на поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани, ја положи свечената заклетва и стана новиот премиер на Грција.

 

Конзервативниот лидер на грчката опозиција Кирјакос Мицотакис ја презеде власта во Грција, откако го победи Алексис Ципрас на вчерашните предвремени парламентарни избори. Со повеќе од деведесет отсто пребројани гласови, Нова Демократија на Мицотакис има освоено 39,8 проценти, додека Сириза на Ципрас 31,6 проценти од гласовите.

 

Според освоените гласови, неговата партија ќе има 158 од 300 пратенички места во парламентот, што е доволно новиот грчки премиер да формира еднопартиска влада.

 

„Преземам да ја водам земјата и целосно сум свесен за националната одговорност. Од денес почнува една тешка, но убава битка. Земјата повторно гордо ја крева главата. А ние ги засукуваме ракавите. Новата влада ќе работи напорно, тимски и со скромност.“, изјави Кирјакос Мицотакис.

 

Во текот на денешниот ден ќе има и официјално примопредавање на функцијата, односно досегашниот премиер Алекис Ципрас ќе му го предаде премиерскиот кабинет. Според наводите на грчките медиуми, пак, веројатно во попладневните часови ќе биде соопштен и новиот состав на владата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи